Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО СОБРАНИСКА ДЕБАТА – Дезинформациите и вештачката интелигенција пред пратениците

Средношколци од седум училишта денеска во Собранието ќе разговараат со пратеници за информирањето преку социјалните мрежи, влијанието на инфлуенсерите и препознавањето содржини создадени со вештачка интелигенција. Учесниците доаѓаат од Скопје, Прилеп, Валандово, Велес и Липково.

Дебатата „Што гледаш, кому веруваш?“ ја организира Институтот за комуникациски студии во соработка со Парламентарниот институт и Клубот за младински прашања и политики. Предвидено е младите директно да ги претстават своите искуства и навики во дигиталниот простор.

Меѓу темите е и прашањето дали наставните програми соодветствуваат со современите информациски предизвици. Најавени се обраќања на претседателот на Собранието Африм Гаши и британската амбасадорка Маја Сивањанам.

Можеби ќе ве интересира

МЕЏИТИ СО ПОРАКА ПО ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА – Поделбата на „ние“ и „тие“ не носи успех

ДЕСК

ПРЕТРЕСИ ВО ШТИП И СКОПЈЕ – Се истражуваат сомнежи за менување оценки на универзитет

ДЕСК

Митева: ВРЕДИ имаа можност да покажат дека се поинакви од ДУИ, но ја пропуштија шансата да излезат од етничката реторика

ДЕСК