Американските гласачи денеска избираат нов состав на Претставничкиот дом и дел од Сенатот. На избори се сите 435 места во долниот дом и 35 сенаторски места.
Исходот ќе го одреди односот на силите во Конгресот во втората половина од претседателскиот мандат на Доналд Трамп. Паралелно се одржуваат и избори за гувернери и други државни и локални функции.
Гласањето се организира според правилата и распоредите на одделните сојузни држави. Поради временските зони и различните постапки за обработка на гласовите, објавувањето на резултатите ќе се одвива постепено.


