Centar.mk
БИЗНИС

АВСТРАЛИЈА ПОВТОРНО ЈА ЗГОЛЕМИ КАМАТАТА – Централната банка ја подигна на 4,85 проценти

Австралиската централна банка утрово ја зголеми основната каматна цел за 0,25 процентни поени, на 4,85 проценти. Одлуката е донесена на денешниот состанок на Одборот за монетарна политика.

Банката наведува дека инфлацијата останува висока и пошироко распространета. Новите процени се понеповолни, делумно поради цените на горивата и суровините поврзани со конфликтот на Блискиот Исток.

Според ажурираните прогнози, инфлацијата би се вратила до горната граница на целниот опсег од два до три проценти дури кон крајот на 2027 година. Централната банка истовремено забележува забавување на економијата и раст на невработеноста.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ ГО МЕНУВА СИСТЕМОТ ЗА ОНЛАЈН ПРОДАЖБА – Се укинува ограничувањето од 150 евра за единствено пријавување ДДВ

ДЕСК

ПОЗНАТО Е КОЛКУ ЌЕ ВРЕДАТ ЕВРОТО И ДОЛАРОТ ОД ВТОРНИК – Народната банка ја објави курсната листа за 10 ноември

ДЕСК

ЖИВЕЕМЕ ОД ПЛАТА ДО ПЛАТА, А ГОДИНИТЕ ПОМИНУВААТ – Кога ќе почнеме да живееме, а не само да преживуваме?

ДЕСК