На 01.11.2026 во 20:45 часот полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 24-годишен жител на Велес.
Тој бил забележан во кругот на Казнено-поправната установа Затвор Идризово – Отворено одделение Велес, при што од џеб му паднале 193 таблети, кои биле пронајдени и одземени.
Младиот велешанец бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


