Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со раководството на Дојче Телеком: Дигиталната трансформација и технолошки развој се стратешки приоритети на Владата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска заедно со владина делегација во состав на министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски како и директорот на ТИРЗ Гоце Димовски, остварија работна средба со Тимотеус Хетгес, Главен извршен директор на Дојче Телеком и Доминик Лерој, Член на Управниот одбор на Дојче Телеком, ГИД за Европа.

На средбата беа разгледани можностите за продлабочување на соработката и инвестиции кон дигиталната трансформација и иднина на Македонија, преку инвестиции во делот на современите техники во медицината и инженерството, развој во делот на комуникацијата, развојот на вештачката интелигенција, современата кибернетска безбедноста, како и плановите и амбициите за развој во делот на паметен град, безбеден град и безбедна држава.

Во рамки на разговорите беа разменети и мислењата за европската конкурентност, безбедност и дигиталниот суверенитет како стратешки приоритет за Европа, како и капацитетите во областа на cloud технологиите, вештачката интелигенција, индустриската вештачка интелигенција и сајбер-безбедноста, основа за дигиталната отпорност и конкурентност.

Средбата претставува можност за понатамошно унапредување на соработката со една од водечките европски телекомуникациски компании, со цел искористување на современите технолошки решенија и отворање на нови перспективи за дигиталната иднина на државата.

Можеби ќе ве интересира

Министерството за здравство апелира: Проверете го вакциналниот статус – МРП вакцината е најсигурна заштита од мали сипаници

ДЕСК

Клековски: Од проценка кон национален план за квалитет со јасни одговорности, мерливи резултати и реални рокови

ДЕСК

Сали: Еднаквоста и довербата во институциите се суштински за европската иднина

ДЕСК