Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ГО ДАЛ „ГОЛФОТ“ ЗА 6.000 ЕВРА, НО НЕ ГИ ДОБИЛ ПАРИТЕ – Тетовец пријавил измама

Четириесет и деветгодишен жител на Тетово пријавил во полиција дека бил измамен за сума од 6.000 евра при купопродажба на автомобил. Случајот бил пријавен на 1 ноември 2026 година, во 13:00 часот, во СВР Тетово, а како пријавено лице е посочен 41-годишен жител на селото Милетино, тетовско.

Според пријавеното, на 18 септември годинава двајцата склучиле писмен договор за купопродажба на патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки. Меѓутоа, како што навел пријавителот, купувачот не ја исплатил договорената сума, а автомобилот не го вратил ниту по истекувањето на договорениот рок.

Поради ваквиот развој на настаните, 49-годишниот тетовец се обратил во полиција и пријавил измама. Од СВР Тетово информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе се утврдат понатамошните постапки.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Алта банка е уште еден доказ колку е криминална и арамиска власта на Мицкоски

ДЕСК

Филипче: Укажувавме за Алта банка – блиска до Вучиќ, пари од криминал, трговија со дрога, опљачкани од народот

ДЕСК

Реакција на АВМУ на обвинувањата од СДСМ

ДЕСК