Centar.mk
фото видео ВМРО ДПМНЕ
-МАКЕДОНИЈА

Петрушевски: Судиите на Филипче и Ахмети повторно во нивна одбрана, судат само по насоки на нивните наредбодавци

ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ ОД ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

Судиите на Филипче и Ахмети повторно во нивна одбрана, судат само по насоки на нивните наредбодавци.

Откако пред само некој месец Ислам Абази го амнестираше Филипче за било каква вина во случајот со модуларните болници, со тоа што не отвори случај за истите, денес Африм Фидани ги ослободи Артан Етеми и Флорин Бесими, поранешни директори на тетовската болница за пожарот во кој загинаа 14 наши сограѓани.

Филипче и Ахмети, двајца ликови кои никој не ги поддржува, кои се во длабока опозиција, единствено што можат да направат, пред да си заминат во политичката историја, е преку своите инсталации во судството да се амнестираат.

Како може да има нула обвинети или осудени за пожар во модуларната болница? Како може да биде крив кабелот? Како може Филипче да не биде повикан ниту на информативен разговор, а Бесими и Етеми да се ослободат? Дали пресудите и обвиненијата во правосудството се бришат доколку сте близок до Филипче или Ахмети?

Случај во кој живи изгореа 14 наши сограѓани, мора да има поинаква судска разрешница. Правда мора да има.

фото видео ВМРО ДПМНЕ

Можеби ќе ве интересира

Фрчкоски: Криминалниот картел се распаѓа, Пандорината кутија со Алта банка е отворена

ДЕСК

Фрчкоски: Мицкоски и Славески ја донесоа банката на Вучиќ во Македонија, бараме одговорност

ДЕСК

СДСМ: Орбан и Вучиќ паднаа, aрамијата остана да ја чува касата

ДЕСК