Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СКАНДАЛ ВО ПОЛИЦИЈАТА – Двајца полицајци осомничени дека измислиле контроли на седум возила и внесувале лажни податоци

СВР Струмица – ОВР Радовиш до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против 31-годишен жител на село Конче, радовишко, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување службена исправа“ по член 361 од Кривичниот законик.

Кривична пријава е поднесена и против 38-годишен жител на Радовиш поради постоење основи на сомнение за „соизвршителство“ по член 22, во врска со кривичното дело „фалсификување службена исправа“.

На 13.10.2026, пријавените, полициски службеници од ОВР Радовиш, изготвиле и приложиле службен извештај со невистинити податоци, според наводите во пријавата.

По завршувањето на доделената службена задача, тие подготвиле извештај во кој навеле период од смената во кој не постапувале по наредбата, а во делот за контролирани возила внеле податок дека извршиле контрола над седум возила.

Извештајот бил потпишан од одговорниот полициски службеник, 31-годишниот првопријавен.

Во прилог на писмениот извештај доставиле и табеларен преглед со податоци за контролираните возила, во кој биле наведени марката на возилото, регистарските ознаки и лицето кое го управувало.

Меѓутоа, времето на контрола кај дел од возилата било наведено во период за кој полициските службеници претходно сами запишале дека не постапувале по задачите од наредбата.

Од дополнително преземените мерки и извршените разговори со лицата наведени како возачи било утврдено дека на тој датум тие не биле запрени и контролирани од полициски службеници.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА СОПРЕЛА „ФОЛКСВАГЕН ТУРАН“ СО АЛБАНСКИ ТАБЛИЧКИ – Во возилото пронајдени мигранти

ДЕСК

МУНИЦИЈА БЕЗ ДОЗВОЛА ВО СЕМЕЕН ДОМ – Кратовчанец доби кривична пријава

ДЕСК

ТРИ АПСЕЊА ВО СКОПЈЕ – Полицијата пронајде бела прашкаста материја и марихуана

ДЕСК