Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ЧЕТИРИ АПСЕЊА НА ПАТИШТАТА НИЗ МАКЕДОНИЈА – Двајца без положен испит, еден под дејство на алкохол, еден со забрана

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода четири возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, две лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: малолетник од Скопје и 40-годишен жител на село Алгуња, општина Старо Нагоричане.

Под дејство на алкохол возел 19-годишен жител на Кичево, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода.

Додека, 34-годишен жител на село Злетово, пробиштипско, управувал возило иако имал изречена активна забрана за управување со возило.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Можеби ќе ве интересира

СКАНДАЛ ВО ПОЛИЦИЈАТА – Двајца полицајци осомничени дека измислиле контроли на седум возила и внесувале лажни податоци

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА СОПРЕЛА „ФОЛКСВАГЕН ТУРАН“ СО АЛБАНСКИ ТАБЛИЧКИ – Во возилото пронајдени мигранти

ДЕСК

МУНИЦИЈА БЕЗ ДОЗВОЛА ВО СЕМЕЕН ДОМ – Кратовчанец доби кривична пријава

ДЕСК