Centar.mk
фото кроп од фотографија на Собрание на РМ
РЕГИОН

Рама ја исклучи можноста за оставка, повика на дијалог

Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика демонстрантите во таа земја на дијалог денес, додека во исто време, на 18-тиот ден од протестот, тие стојат зад барањето тој да поднесе оставка, објавува албански „Јуроњуз“.

Рама објави слики од столчиња поставени пред кабинетот на премиерот на социјалните мрежи, со што истовремено повика на разговори со студентите, а ја исклучи можноста за оставка.

Утрово, Рама го повтори повикот до студентите за дијалог, кој досега го одбиваа.

Студентските протести од претходните денови беа обележани со судири со полицијата, тензии, апсења и повредени учесници.

На протестите им се придружија и универзитетски професори, кои најавија бојкот на наставата на факултетите./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Српски политичар: Луѓе на Вучиќ масовно се вработуваат во амбасадите

ДЕСК

Изборите ќе се повторат на 53 избирачки места во Србија

ДЕСК

Албанија воведува казни до 5.500 евра за демонстрантите

ДЕСК