Centar.mk
фото Собрание
-МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Собранието, г. Африм Гаши, ја посети Општина Бутел и Канцеларијата на пратениците за контакт со граѓаните

Во рамките на континуираната пракса на посети на општините и посветеноста на функционализација на канцелариите на пратениците за контакт со граѓаните, претседателот на Собранието, г. Африм Гаши, денес оствари работна посета на Општина Бутел, каде што се сретна со градоначалникот на Општината, г. Дарко Костовски.

За време на средбата беа разгледани можностите за продлабочување на институционалната соработка, проектите што се реализираат во општината, како и плановите и приоритетите за наредниот период. Беше нагласена важноста на континуираната координација и комуникација меѓу институциите, со цел унапредување на проектите и спроведување на иницијативите во интерес на граѓаните.

По посетата, претседателот Гаши ја посети и Канцеларијата на пратениците за контакт со граѓаните во Бутел, заедно со пратеникот Каролина Насковска.
За време на посетата, тој ги охрабри да го искористат максимално овој простор што овозможува директна комуникација меѓу граѓаните и пратениците, и го олеснува решавањето на нивните барања, предлози и загрижености. Истовремено, ја истакна важноста на информирањето на граѓаните за можностите што ги нуди канцеларијата, како и електронската платформа за контакт со граѓаните, како важни механизми за приближување на Собранието до граѓаните.

Гаши ја потврди посветеноста за зајакнување на транспарентноста, отвореноста на Собранието и слободниот пристап на граѓаните до институцијата, создавајќи можности нивните гласови и барања да бидат слушнати и адресирани преку институционалните механизми.

фото Собрание

Можеби ќе ве интересира

Тренчевска за амандманите на СДСМ: Посебниот додаток за децата со попреченост да се зголеми за 15%

ДЕСК

Мојсоска: ДПМНЕ им брои залаци на студентите, а милион евра троши за владини настани

ДЕСК

Ѓорѓиевски: Бутел ја доби својата оаза – победи зеленилото наспроти бетонизацијата

ДЕСК