Centar.mk
илустративна фотографија генерирана со вештачка интилегенција за потребите на Centar.mk
СВЕТ

15-годишна гимнастичарка убиена во руски ракетен напад врз украинскиот град Чернихив

Јана Пјешкова, 15-годишна гимнастичарка во ритмичка гимнастика, загина вчера во руски ракетен напад врз центарот на украинскиот град Чернихив. Во истиот напад животот го загуби и нејзината врсничка и соученичка, 15-годишната Марија Мозгова.

Јана со години тренираше во студиото за ритмичка гимнастика Magic Sports. Нејзиниот спортски клуб ја потврди веста за нејзината смрт, простувајќи се од младата спортистка.

„Јана беше дел од нашето спортско семејство. Пред неа беше целиот живот, полн со соништа и планови. Во нашите срца, таа секогаш ќе остане ведра, искрена и насмеана. Невозможно е да се прифати дека таа веќе не е со нас. Не постојат зборови што можат да ја ублажат оваа болка“, изјавија од клубот Magic Sports, упатувајќи сочувство до нејзиното семејство.

Напад среде бел ден во преполн градски центар

Руските сили извршија ракетен напад врз центарот на Чернихив во текот на денот, во време кога улиците беа полни со минувачи. Според информациите што ги соопшти Дмитро Брижински, шеф на Градската воена управа на Чернихив, во нападот се ранети уште 15 лица, меѓу кои и три деца.

Единаесет од повредените се пренесени во болници, додека на четворица им била укажана медицинска помош на самото место.

Од силината на експлозиите се запалија една продавница и два автомобила, а значително оштетени беа и околните станбени згради, деловни простории и паркирани возила. Спасувачките служби и пожарникарите со часови работеа на расчистување на урнатините во центарот на градот.
/Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мерц: Европа ќе ги предводи напорите за зачувување на меѓународниот трговски поредок

ДЕСК

Болсонаро: Бев измамен на бразилските избори; Неговата партија: Не можеме да го тврдиме тоа

ДЕСК

Рекорден број луѓе исклучени од Комунистичката партија во Кина

ДЕСК