Според неофицијалниот приказ на резултатите од српските избори, заснован на податоци од РИК, Студентската листа има 53,7 проценти од важечките гласови, а листата на Александар Вучиќ 39,5 проценти.
До 00:40 часот на 29 октомври биле обработени 8.338 од 8.392 избирачки места. Резултатите остануваат привремени, а најавеното повторно гласање може да влијае врз конечните бројки.


