Републичката изборна комисија на Србија одлучила гласањето да се повтори на 53 избирачки места на 1 ноември, од 07:00 до 20:00 часот. На 31 место не можело да се утврди резултатот, додека на уште 22 гласањето било поништено.
За повторното гласање е одлучено да се испечатат 24.438 ливчиња. Ова значи дека конечниот изборен процес сè уште не е завршен.


