Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Шест возачи лишени од слобода: Четворица возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода шест возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, четири лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: 32-годишник од с.Страхојадица, скопско, двајца 18-годишници од Скопје и 37-годишник од Кочани, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода.

Под дејство на алкохол возел 44-годишник од с.Оризари, кочанско. Додека, 50-годишник од Охрид управувал возило, иако имал изречена активна забрана за управување со возило.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Можеби ќе ве интересира

Приведен 26-годишник во Кочани, кај него пронајдено пакување со марихуана

ДЕСК

Пријавил изгубена возачка, а му била одземена во Грција: Кривична пријава за штипјанец

ДЕСК

Приведен 44-годишен прилепчанец, кај него пронајдена грутчеста материја

ДЕСК