Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Приведен 35-годишен велешанец осомничен за кражба на пари и телефони од куќа

На 28.10.2026 во 21:50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода 35-годишник од Велес. Тој се сомничи дека од куќа во Велес, во која привремено престојувале две лица, одзел пари, телефони и други предмети.

Дел од одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот.

35-годишникот бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Шест возачи лишени од слобода: Четворица возеле без положен возачки испит

ДЕСК

Приведен 26-годишник во Кочани, кај него пронајдено пакување со марихуана

ДЕСК

Пријавил изгубена возачка, а му била одземена во Грција: Кривична пријава за штипјанец

ДЕСК