На 28.10.2026 во 09:40 часот во Полициската станица Тетово бил задржан 39-годишен државјанин на Република Албанија.
Претходно, тој бил приведен од полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево поради илегален излез од државата.
Со соодветен поднесок бил изведен пред надлежен судија во Основниот суд Тетово, кој му изрекол санкција „Протерување на странец со забрана за влез во времетраење од една година“.
Лицето било спроведено до граничен премин и предадено на матичната држава.


