Centar.mk
СВЕТ

Маѓар: Обединетите нации не треба да бидат предводени од шеф на мафијата

Обединетите нации не се криминална организација и не треба да бидат предводени од „шеф на мафијата“, изјави денес унгарскиот премиер Петер Маѓар, во врска со наводите дека Соединетите Американски Држави би можеле да го номинираат поранешниот премиер Виктор Орбан за нов генерален секретар на ОН.

Зборувајќи на прес-конференција по заедничката седница на владите на Чешка и Унгарија во Прага, Маѓар рече дека никој нема намера да ги укине Обединетите нации, но дека ако некој сака да ги уништи, добар почеток би бил да „назначи еден Орбан“, пренесува МТИ.

Тој изјави дека, и покрај сите недостатоци, не мисли дека Обединетите нации се криминална организација, ниту дека треба да бидат предводени од лице кое го споредува со шеф на мафијата.

Во исто време, тој посочи дека тројца поранешни високи функционери на владата на Орбан веќе се во притвор./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Туск: Полска ја очекува тешка битка

ДЕСК

Летаа столови, тупаници и клоци: општа тепачка во ерменскиот парламент

ДЕСК

ИЗРАЕЛ ПРЕД ТЕШКИ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛАДА – Ниту еден блок нема јасно мнозинство

ДЕСК