Centar.mk
АРХИВСКА ФОТОГРАФИЈА / PHOTO CENTAR.MK (C) COPYRIGHT 2026
-МАКЕДОНИЈА

Во струмичка фирма недостигаат речиси осум тони сув цвет од медицински канабис

СВР Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од с. Борисово, општина Ново Село и против управителот на пријавеното правно лице, од с. Ново Село, со престој во Струмица, за сторени кривични дела по член 95-в став 1, односно член 95-в став 2 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.

При извршена контрола во простории на правното лице каде што бил складиран сувиот цвет од медицински канабис, полициски службеници од СВР Струмица и службени лица од надлежната комисија при Министерството за здравство утврдиле дека има недостаток на документација поврзана со ангажираниот кадар, недостаток на друга задолжителна документација, како и недостаток на 7.813,49 килограми сув цвет од медицински канабис, а за која количина пријавеното правно лице не располагало со соодветна документација и покритие.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

ДЕСК

СОБРАНИЕТО ПРОДОЛЖУВА СО РАСПРАВАТА ЗА РЕБАЛАНСОТ – Буџетот за 2026 повторно пред пратениците

ДЕСК

НОВ СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА ПАТОТ КИЧЕВО – ОХРИД – Од денеска ограничувања кај Пресека и Песочан

ДЕСК