На 27.10.2026 во 15:55 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода 30-годишник од Гевгелија.
Врз основа на судска наредба биле извршени претреси на две локации кои ги користи лицето, при што биле пронајдени марихуана, предмети со остатоци од марихуана, куршум со калибар 7,65 мм, компјутер и мобилен телефон.
За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по негово документирање, против 30-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.


