Centar.mk
СВЕТ

Судир на возови на линијата меѓу Мадрид и Андалузија, има повредени

Возовите на компаниите „Ренфе“ и „Ирио“ се судрија денес на брзата линија меѓу Мадрид и Андалузија, поради што сообраќајот беше запрен, објави менаџерот на железничката инфраструктура, а според извештаите на очевидци, има неколку повредени.

Несреќата се случила кратко по девет часот во покраината Толедо, објави „Паис“.

Во судирот учествувале возот кој сообраќал од Мадрид до Севиља, и возот кој сообраќал во спротивна насока.

Според извештаите на очевидци, имало неколку повредени, а на местото на несреќата биле испратени медицински екипи.

Двата воза излетале од шините и паднале низ насипот.

Возот „Ренфе“ претходно забавил и застанал неколку минути поради проблеми во железничкиот сообраќај, пренесува Танјуг./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Швајцарија остана без „Патриот“ поради Германија, бара алтернатива за ПВО системот

ДЕСК

Севернокорејскиот лидер нареди поинтензивна воена обука: „Подготовката за војна е примарна задача“

ДЕСК

Наставничка во Германија била на боледување 17 години, а примала плата: се соочува со можна затворска казна

ДЕСК