Во Србија денеска истекува рокот за поднесување приговори поврзани со парламентарните избори. Членот на Републичката изборна комисија, Душан Динчиќ, изјави дека конечните резултати би можеле да бидат објавени во четврток, доколку нема дополнителни постапки што ќе го одложат процесот.
Според досега обработените избирачки места, Студентската листа има убедлива предност. Сепак, официјалното утврдување на резултатите и распределбата на мандатите се во надлежност на изборната комисија. По прогласувањето на конечните резултати започнува рокот за конституирање на новото Собрание.


