Во Белград во текот на ноќта се случил напад врз припадник на Жандармеријата кој ја обезбедувал Амбасадата на Израел. Според српскиот министер за внатрешни работи во технички мандат, Ивица Дачиќ, напаѓачот бил малолетник вооружен со два ножа.
Полицискиот службеник возвратил во самоодбрана, при што напаѓачот бил усмртен, а полицаецот се здобил со полесна повреда. Српските власти го подигнале нивото на терористичка опасност на највисокото, црвено ниво. Истрагата продолжува, а мотивите и околностите треба да бидат целосно утврдени.


