Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Армен Григорјан, на која се разговараше за унапредување на бесплатната правна помош и продолжување на меѓусебната соработка.
На средбата беа разгледани можностите за подобрување на достапноста и квалитетот на правните услуги, како и за зајакнување на институционалните капацитети.
Министерот Шасивари ја истакна важноста на еднаквиот пристап до правда како еден од приоритетите на Министерството за правда, нагласувајќи дека правната заштита треба да биде достапна за секој граѓанин.
Соговорниците ја нагласија важноста на партнерството меѓу Министерството за правда и УНДП во спроведувањето на активностите насочени кон унапредување на системот за бесплатна правна помош.
Заедничката определба е преку континуирана соработка и размена на искуства да се придонесе кон поефикасен систем на правна помош и поголема доверба на граѓаните во институциите.
фото Министерство за правда


