На регионалниот пат Демир Капија – Неготино полицијата сопрела автомобил со албански регистарски ознаки, во кој биле пронајдени осум мигранти. Меѓу нив имало и двајца малолетници, а според нивните изјави потекнуваат од Авганистан.
Возачот, 40-годишен државјанин на Албанија, е лишен од слобода. Мигрантите се пренесени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија. Против возачот се најавува соодветна пријава по целосното документирање.


