Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Бараме повеќе пари за студентски оброк од 200 денари – Филипче за амандманите на СДСМ

Соопштение на СДСМ:

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата во однос на вториот ребаланс на буџетот, меѓу другите, ќе поднесат и амандмани за повеќе пари за Националната стартегија за млади како и за зголемување на парите за студентски оброк. Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција посочи дека со амандманот ќе побара зголемување на студентскиот оброк од 140 на 200 денари. Филипче нагласи дека со сегашниот износ студентите не можат да обезбедат пристоен оброк, а владата на Мицкоски не презема мерки за подобрување на нивните услови за живот.

„Бараме повеќе пари за Националната стратегија за млади, 10 милиони денари. Нека се инвестираат овие пари, нека им се прати сигнал на младите, дека се има визија, желба, конкретни планови, тие да проложат да живеат тука, а не спасот да го бараат надвор од земјата.Затоа што тоа од оваа власт до сега видоа само празни ветувања. Бараме зголемување на парите за студентски оброк, од 140 на 200 денари. Вкупната импликација по буџетот ќе биде 200 милиони денари“, рече Филипче.

Филипче нагласи дека сегашниот износ не е доволен за обезбедување пристоен оброк и дека институциите мора да водат сметка и за здравјето на младите, а не само за формалното доделување средства.

„Со 140 денари не може да се обезбеди пристоен оброк. Нека се зголеми сумата на пари за студентски оброк, да не гладуваат децата. Смешна е сумата од 140 денари. И второ, еден аспект на кој што никој очигледно од власта не размислува во тие години, секако и во средношколските, се градењето здрави навики. Не може само да им се даде сума на пари без при тоа да се размисли каков тип на оброк јадат студентите. Дали е тоа здрав оброк? Дали е процесирана храна? Дали е некој продукт кој што само ќе се каже дека, добро, може да се купи за 140 денари и толку. Каква е таа храна, како влијае на здравјето?“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ, посочи дека власта треба да покаже грижа за сите граѓани, наместо да се фокусира на партиските тендери.

„Сега власта нема избор, пред крај на годината, нека ги поддржи граѓаните, нека направи барам един чекор со кој што ќе сез големи стандардот во овие ужасно тешки услови за живот. Ние сме една од ретките, ако не е единствена земја која нема мерки за помош на граѓаните од почеток на кризата и зголемувањето на цените на горивата. Нека покажат малку грижа, емпатија, нека водат сметка за граѓаните, нека не водат сметка само за своите партиски тендери.

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=-Eo0QUNNP7E

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: 36 хористи од „Кочо Рацин“ наградени за триумфот во Херцег Нови, Центар пее гордо!

ДЕСК

Минчев и Јагџиу потпишаа меморандум за соработка: Ги поврзуваме знаењето и искуството за поквалитетни јавни услуги!

ДЕСК

Митева: Позитивни економски сигнали од Светската банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот, меѓународните извештаи ги потврдуваат позитивните економски движења

ДЕСК