Centar.mk
РЕГИОН

Десетици илјади луѓе се собраа ноќеска на плоштадот Славија во Белград за да ја прослават победата на Студентската листа

Десетици илјади луѓе се собраа ноќеска на плоштадот Славија во Белград за да ја прослават победата на „Студентската листа“ на парламентарните избори.

Откако Александар Вучиќ го призна поразот, прослави започнаа и во многу други српски градови. Улиците беа полни со граѓани; атмосферата беше исполнета со песна, извикување пароли и звуци од автомобилски труби, а многумина носат српски знамиња.

Славија, еден од најголемите и најпознатите белградски плоштади, стана централно место на прославите. Снимките и фотографиите направени од воздух покажуваат огромна толпа што ги исполнила плоштадот и околните улици.

На Славија се собраа десетици илјади граѓани. Според извештајот на информативниот портал Nova.rs, се слушаат автомобилски труби, луѓето пеат, плескаат и извикуваат пароли, а некои од присутните дури почнаа да играат и оро.

Беа запалени факели, а приреден беше и огномет.

Голема прослава се одржа и во Нови Сад, градот каде што пред речиси две години започна студентското протестно движење.

Граѓаните го исполнија Плоштадот на слободата, а меѓу песните што можеа да се слушнат беше и „Живети слободно“ од Ѓорѓе Балашевиќ./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Студентите победија: Но, која е всушност нивната политика?

ДЕСК

ЕУ по поразот на Вучиќ: Вратата е отворена, подготвени сме да ѝ помогнеме на Србија

ДЕСК

ВУЧИЌ ПОБЕДИЛ ВО КУМАНОВО, НО ЈА ИЗГУБИ СРБИЈА – Изборен парадокс што отвора интересни политички прашања

ДЕСК