Centar.mk
МОЗАИК

YOUTUBE ГИ ОСВОЈУВА МЛАДИТЕ ГЕНЕРАЦИИ – Ново истражување открива што најмногу гледаат младите од 10 до 24 години

YouTube стана најпопуларниот избор за следење приказни кај младите од генерациите Z и Alpha, покажува истражувањето „Teens and Screens 2026“, поврзано со Универзитетот UCLA во САД. Според резултатите, 72,9 проценти од испитаниците го избрале YouTube како омилен медиум за раскажувачки содржини.

Истражувањето опфатило повеќе од 1.500 Американци на возраст од 10 до 24 години. Телевизиските серии, филмовите и видеоигрите и натаму остануваат популарни, а кратките видеа на TikTok добиваат сè поголема улога. Приближно четири од пет испитаници сметаат дека и краткото видео може успешно да пренесе приказна.

Интересно е што популарноста на дигиталните платформи не значи целосно напуштање на киното. Испитаниците третпат по ред го избрале одењето во кино како омилена викенд-активност. Резултатите покажуваат дека младата публика комбинира традиционални и нови формати, а индустријата за забава мора да се приспособува кон нивните навики.