Centar.mk
СВЕТ

УКРАИНА, РУСИЈА И САД ПРЕД НОВИ ПРЕГОВОРИ – Зеленски најави средба во Абу Даби и бара долгорочни безбедносни гаранции

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека се планира нова средба на претставници на Украина, Русија и Соединетите Американски Држави на техничко ниво во Абу Даби, во првата половина на ноември. Според неговите најави, целта е продолжување на разговорите за можен крај на војната и за условите под кои би можел да се постигне договор.

Зеленски изјави дека имал разговори со американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер по нивните контакти со рускиот претседател Владимир Путин. Украинскиот претседател нагласил дека секој евентуален мировен договор мора да биде придружен со кредибилни безбедносни гаранции за Украина.

Меѓу неговите барања е и обезбедување десетгодишно финансирање на украинската војска, како дел од поширока безбедносна рамка. Зеленски смета дека во дипломатските разговори треба да биде вклучена и Европа, а реализацијата на планираната средба ќе зависи од понатамошните преговори.