Centar.mk
РЕГИОН

СРБИЈА ПРЕД НЕИЗВЕСНИ ИЗБОРИ – Започна изборниот молк, студентската листа и владејачкиот блок во тесна трка

Во Србија започна 48-часовниот изборен молк пред парламентарните избори закажани за недела, 25 октомври. Изборната кампања завршува во атмосфера на силна политичка поларизација, со особено внимание насочено кон студентското движење и неговиот обид да ја промени политичката сцена.

Илјадници поддржувачи на „Студентската листа“ претходната вечер учествувале на голем собир во Белград, кој завршил на плоштадот Славија. Студентското движење настапува како противтежа на владејачката политичка структура поврзана со Александар Вучиќ.

Според објавените информации за истражувањата на јавното мислење, изборната трка меѓу студентската листа и блокот „Обединета Србија“ е тесна. Исходот од гласањето се очекува со големо внимание и во регионот.