Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

УТРЕ ДО 23 СТЕПЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА – Еве какво време се очекува во сабота

Во Македонија во сабота, 24 октомври, се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен југозападен ветер. Според објавената временска прогноза, температурите ќе бидат релативно високи за овој период од есента.

Утринските температури се очекува да се движат од 2 до 11 степени, додека дневните максимуми ќе достигнат од 15 до 23 степени. Во Скопје се најавува променлива облачност со сончеви интервали и слаб до умерен ветер.

Во информацијата се наведува и дека во претходните 24 часа најмногу дожд бил измерен во Крива Паланка, со 21 литар на квадратен метар, по што следуваат Виница и Берово.