Centar.mk
фото МНР
МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНИЈА ГО ОДБЕЛЕЖУВА 23 ОКТОМВРИ – Муцунски порача дека идеалите за слобода се обврска и за денешните генерации

Со положување цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО во Скопје, владина делегација го одбележа Денот на македонската револуционерна борба. Делегацијата ја предводеше министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Министерот истакна дека државниот празник претставува потсетување на историските стремежи за слобода, самостојност и државотворност. Според него, почитувањето на револуционерното наследство треба да биде придружено со одговорност за развојот на современата македонска држава.

Одбележувањето се одржува на 133-годишнината од основањето на Македонската револуционерна организација во Солун во 1893 година.

Можеби ќе ве интересира

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК

ТЕПАЧКА ВО ГАЗИ БАБА – Физичка пресметка меѓу 59-годишен и 26-годишен скопјанец, следува поднесок

ДЕСК