Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ ШТИП–ВЕЛЕС – Се судриле „бмв“ и „цитроен“, двајцата возачи тешко повредени

На 22.10.2026 во 15:28 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресниот пат Штип-Велес, пред клучка „Три чешми“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 67-годишник од Штип и патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 22-годишник од Штип.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип.

Можеби ќе ве интересира

ЕЛЕКТРОНСКИ АЛКИ ЗА НАСИЛНИЦИТЕ – Нов закон треба да овозможи жртвите да бидат предупредени за опасност

ДЕСК

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК