Centar.mk
фото Министерство за здравство
МАКЕДОНИЈА

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ ГРАДСКО–ПРИЛЕП – Се судриле „голф“ и товарен „мерцедес“, возач тешко повреден

На 22.10.2026 околу 10:00 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на магистралниот пат Градско-Прилеп, во правец кон Росоман, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 40-годишник од с.Горно Оризари, велешко и товарно возило „мерцедес“ управувано од 61-годишник од с.Славеј, општина Кривогаштани.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, констатирани во Општа болница Кавадарци. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кавадарци.

Можеби ќе ве интересира

ЕЛЕКТРОНСКИ АЛКИ ЗА НАСИЛНИЦИТЕ – Нов закон треба да овозможи жртвите да бидат предупредени за опасност

ДЕСК

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК