Centar.mk
фото ЈС/Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СООБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИВА НЕПРЕЧЕНО – АМСМ предупредува на можни одрони на четири патни правци

Според утринскиот извештај на Автомото сојузот на Македонија, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања.

АМСМ предупредува дека постои можност за одрони на патните правци Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево. Возачите треба да ја приспособат брзината и да ја почитуваат сигнализацијата.

Предупредувањето е особено важно поради зголемениот број патувања што може да се очекуваат за време на празничниот викенд.