Министерството за внатрешни работи информира дека денеска ќе има зголемена употреба на беспилотни летала за снимање од воздух, во рамките на активностите за одбележување на државниот празник 23 Октомври. МВР нагласува дека станува збор за однапред планирани активности.
Паркинг-просторот кај Музејот на современата уметност ќе биде обезбеден за одржување свеченост во периодот од 10:00 до 23:30 часот. Полицијата ги повика граѓаните навремено да ги отстранат своите возила од паркингот.
Надлежните апелираат на разбирање поради засиленото присуство на дронови и службите што ќе го обезбедуваат настанот.


