Centar.mk
СВЕТ

ОСУМ ЗАГИНАТИ ВО НЕРЕДИ ВО ЗАТВОРИ ВО ЕКВАДОР – Уште десет лица се повредени

Најмалку осум затвореници загинаа во два одделни немири во затворите во еквадорските провинции Котопакси и Пичинча. Информацијата ја потврди националната служба задолжена за управување со казнено-поправните установи.

Според официјалното соопштение, четири лица загинале во затворот Котопакси број 1, а уште четири во установата Пичинча број 1. Во вториот затвор повредени се и десет лица, на кои им била обезбедена медицинска помош.

Еквадорскиот министер за внатрешни работи Џон Рајмберг порача дека властите ќе продолжат со мерките за воспоставување ред во казнено-поправниот систем.