Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВОЗЕЛ „АУДИ“, А НЕМАЛ ПОЛОЖЕНО ВОЗАЧКИ ИСПИТ – Полицијата приведе 24-годишник во Струга

На 21.10.2026 во 15:50 часот на ул.„Партизанска“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода 24-годишник од струшкото село Добовјани. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и притоа, констатирале дека немал положено возачки испит.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можеби ќе ве интересира

Комисијата за култура и туризам во посета на Археолошкиот музеј

ДЕСК

Јованчев: Владата на СДС и ДУИ во 2023 барала деловна соработка со Алта банка од Србија

ДЕСК

ОД НЕДЕЛА НОВА ОБВРСКА ЗА ВОЗАЧИТЕ – Зимската опрема станува задолжителна

ДЕСК