Centar.mk
фото скриншот/МВР
-МАКЕДОНИЈА

КОКАИН ПРОНАЈДЕН ВО „БМВ“ ВО КИЧЕВО – Кривична пријава за 30-годишник од кичевско село

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против 30-годишник од кичевското село Црвевци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Полициските службеници од криминалистичката полиција при ОВР Кичево на бул.„Ослободување“ во Кичево извршиле преглед во патничко возило „бмв“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, при што бил пронајден и одземен кокаин.