На 21.10.2026 во 11:25 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош Битола е пријавено дека на ул.„Кочо Палигора” во Битола интервенирале по пријава за повредено лице.
Полициски службеници излегоа на местото и од увидот констатираа дека се работи за 60-годишник од Битола, вработен во ЕВН Македонија, кој се здобил со повреди додека извршувал работни активности.


