На 21.10.2026 во 09:30 часот во Полициското одделение Новаци, жител на с.Горно Агларци, општина Новаци, пријави дека при вршење земјоделски работи во атар на с.Горно Агларци пронашол една неексплодирана граната.
Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола гранатата е безбедно подигната и било констатирано дека се работи за артилериска граната од Првата светска војна.


