Centar.mk
БИЗНИС

В НЕДЕЛА ГИ ПОМЕСТУВАМЕ СТРЕЛКИТЕ – Почнува зимското сметање на времето во Македонија

Во Македонија викендов завршува летното сметање на времето. Во недела, 25 октомври, во 3 часот по полноќ часовниците ќе се вратат еден час наназад, односно на 2 часот. Со ова официјално започнува зимското сметање на времето, согласно одлуката на Владата објавена во „Службен весник“.

Промената значи дека ноќта меѓу сабота и недела ќе биде еден час подолга. Современите мобилни телефони и компјутери најчесто автоматски го приспособуваат времето, додека рачните и дел од постарите часовници треба да се наместат рачно.

Следната промена на времето ќе биде во март 2027 година, кога повторно ќе започне летното сметање.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ 60 МИЛИОНИ ЕВРА СЕ БАРААТ ЗА БУЏЕТОТ – Државата планира задолжување

ДЕСК

СИВАТА ЕКОНОМИЈА ЈА КОЧИ МАКЕДОНИЈА – Брисел со сериозни предупредувања

ДЕСК

НАФТАТА ПАДНА ПОД 92 ДОЛАРИ – Пазарите реагираат на изјавите од Вашингтон

ДЕСК