Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ И ГРМЕЖИ ПРЕД ВИКЕНДОТ – Еве кога ќе се стабилизира времето

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре, особено попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Повремен локален дожд ќе има и во петок во утринските часови, а во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во сабота ќе се задржи стабилно време, а од недела и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд.

Прогноза за 23.10.2026
Минимална температура: 6°C до 13°C
Максимална температура: 13°C до 22°C

Променливо облачно, во утринските часови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 24.10.2026
Минимална температура: 1°C до 9°C
Максимална температура: 16°C до 23°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 25.10.2026
Минимална температура: 6°C до 12°C
Максимална температура: 14°C до 20°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.