Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА – Се судриле автобус и „мерцедес“, две лица повредени

На 20.10.2026 околу 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје, пред клучка Приштина, се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус со косовски национални ознаки, управуван од 68-годишник од Гостивар и патничко возило „мерцедес“ со косовски национални ознаки, управувано од 77-годишник од Косово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 77-годишниот возач на патничкото возило, додека со телесни повреди се здобил 31-годишен патник од автобусот од Гостивар, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ и Комплекс клиники Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.