Centar.mk
фото илустрција
-МАКЕДОНИЈА

НАМЕСТО 300 ЕВРА КАЗНА, ЕДЕН ВОЗАЧ ДОБИЛ САМО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Кривична пријава против полицаец

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО ГОКК – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против полициски службеник поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,злоупотреба на службената положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“.

Пријавениот полициски службеник во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово при СВР Тетово, на 02.02.2025 ги зторил делата со непостапување согласно законските овластувања и одредби. Имено, друг полициски службеник со радар измерил брзина на движење на две возила од 154 км/ч и 151 км/ч на место каде што дозволената брзина е 100 км/ч, по што го известил пријавениот за да ги запре возилата.

Откако ги стопирал возилата и ги идентификувал возачите, на едниот возач му издал писмено предупредување за сторен сообраќаен прекршок, а на другиот возач му издал прекршочен платен налог со записник за сторен сообраќаен прекршок со износ на глоба од 45 евра, наместо и во двата случаи на возачите на возилата да им издаде прекршочни платни налози со записници за сторен сообраќаен прекршок со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност согласно одредба од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Со неизвршување на својата службена должност, полицискиот службеник им овозможил на сторителите на прекршоците да не бидат соодветно санкционирани и им овозможил корист, односно поповолна правна положба со избегнување на санкционирање.