Centar.mk
Целосно реконструирано мултинаменското спортско игралиште во Илинден
ЛОКАЛНО

Целосно реконструирано мултинаменското спортско игралиште во Илинден

Општина Илинден целосно го реконструираше мултинаменското спортско игралиште во населба Илинден, при ПООУ „Гоце Делчев“, со што е создаден современ, функционален и безбеден простор за спорт, рекреација и дружење.

Во рамки на реконструкцијата поставена е нова подлога од ПП плочки, наменета за играње кошарка и фудбал, четири нови метални кошаркарски обрачи со мрежи, како и нова пластифицирана и заштитна јутена мрежа од коноп. Дополнително, околу спортското игралиште е заменета заштитната ограда, со што е обезбедена поголема сигурност, подобра заштита на спортскиот простор и дополнително унапредување на неговата функционалност.

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, при увидот истакна дека со целосната реконструкција, некогашниот спортски терен е трансформиран во модерен и уреден спортско-рекреативен простор, кој ќе им овозможи на учениците од ПООУ „Гоце Делчев“, како и на сите граѓани, квалитетни услови за спортување, физичка активност и активно поминување на слободното време.

Општина Илинден продолжува со континуирани вложувања во уредување и осовременување на јавните простори, со посебен акцент на создавање безбедна, современа и функционална средина за целата локална заедница.

фото Општина Илинден