Centar.mk
СВЕТ

Шестмина повредени во пукање во центар за регрутација во Киев

Шест лица, од кои тројца полицајци и тројца војници, се повредени во пукање во центар за регрутација во Киев, соопштија украинските власти, пренесува „Киев индепендент“.

Инцидентот се случил вчера околу 19 часот по локално време, во Територијалниот центар за регрутација во киевската населба Печерск.

Според полицијата, маж осомничен за избегнување воена служба, кој бил приведен во центарот, извадил оружје и отворил оган кон полицајците и војниците.

Сите шестмина повредени се пренесени во болница, а напаѓачот е уапсен. Во тек е истрага за инцидентот./Извор:Makfax