Centar.mk
фото МОН
-МАКЕДОНИЈА

СЕ ПОВЛЕКУВААТ 141 УЧЕБНИК – МОН објасни кои се заменети и кои допрва ќе се обновуваат

Министерството за образование и наука објави детално појаснување за повлекувањето учебници од основното и средното образование, нагласувајќи дека станува збор за две различни постапки. За прво, второ, четврто и петто одделение се повлекуваат 33 учебници што се во петтата година од употреба, а новите изданија треба да бидат подготвени за учебната 2027/2028 година. Министерството наведува дека целта е осовременување на содржините и подобрување на квалитетот на наставните материјали.

Одделно, донесени се решенија за повлекување 108 учебници за седмо и осмо одделение и за прва и втора година гимназиско образование. Во овие случаи станува збор за административно завршување на постапките бидејќи новите учебници веќе се обезбедени и се употребуваат. Активни се и конкурси за учебници за деветто одделение и трета година гимназиско образование. МОН најавува дека во следниот период ќе продолжи обновувањето и на останатите учебници. Затоа бројката од 141 не значи дека толку учебници одеднаш исчезнуваат од наставата без замена.