ОВР Кочани поднесе кривична пријава против 57-годишна жена од с.Кучичино, поради постоење основи на сомнение сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 11.03.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавената, при што биле пронајдени и одземени ловечка пушка, пиштол, патрони со калибар 12 мм и куршуми со калибар 7,65мм.


