Centar.mk
РЕГИОН

ХРВАТСКА СО БУЏЕТСКИ МИНУС ОД ОКОЛУ ЧЕТИРИ МИЛИЈАРДИ ЕВРА – Фискалниот совет бара посилна контрола на трошоците

Фискалниот совет на Хрватска ја предупреди Владата дека измените на државниот буџет за 2026 година не претставуваат доволно убедлив пресврт кон долгорочно одржливи јавни финансии. Иако со ребалансот е предвидено намалување на буџетскиот дефицит за 108 милиони евра, вкупните расходи и понатаму ги надминуваат приходите за приближно четири милијарди евра. Советот бара засилена контрола на трошењето во преостанатиот дел од годината.

Дополнителен проблем е што растот на нето-расходите се проценува на 5,6 проценти, над референтната дозволена стапка од 4,9 проценти. Ревидираните показатели укажуваат на забавување на економската активност, притисок од инфлацијата и зголемени расходи за плати, пензии и социјални надоместоци. Фискалниот совет предупредува дека забавувањето на потрошувачката би можело да ги намали планираните даночни приходи и да создаде нов притисок врз државните финансии.

Можеби ќе ве интересира

ИЗБОРНАТА РЕФОРМА ВО АЛБАНИЈА СО НОВИ НЕСОГЛАСУВАЊА – Власта и опозицијата со различни ставови за изборните листи

ДЕСК

ПРИВЕДЕНИ ДВЕ ЛИЦА ВО НОВИ САД – Сомнежи за злоупотреба на 98 милиони динари преку незаконска позајмица

ДЕСК

НАД 500 ВОЈНИЦИ ДОБИЈА ПОСТОЈАНО ВРАБОТУВАЊЕ ВО СРБИЈА – Министерството за одбрана потврди нови договори

ДЕСК